Џенифер Анистон позираше топлес

Актерката Џенифер Анистон се најде на насловната страница на магазинот „Харперс базар”, во топлес издание. Ѕвездата од серијата „Пријатели“ изјави дека немала никакви проблеми со фотосесијата и дека смета дека телото треба да се слави, без разлика на годините.

Анистон која во февруари наполни 50 години и понатаму изгледа како девојка. Фановите коментираат на социјалните мрежи дека нејзината линија и понатаму е на завидно ниво.

https://www.instagram.com/p/BxHvOHfgfQ5/?utm_source=ig_embed

Медиумите сè уште шпекулираат за односот со нејзиниот поранешен сопруг Бред Пит, иако во меѓувреме Анистон беше во брак и со Џастин Терокс.

Таа вели дека не се откажува од љубовта и покрај турбулентните односи со нејзините поранешни сопрузи.

Треба да знаете
Последни објави