36 часа трае спасувачката акција кај Корнати, а бродот се 250 патници се уште не е извлечен. Акцијата за извлекување на ,,Аурелија” која е во морето од завчера, откако и откажа еден од моторите во Далмација, беше отежната поради високите бранови и невремето.
За време на несреќата нема загадување на морето и на бродот нема повредени лица. Проценките се дека патниците и во текот на денов најверојатно ќе останат на бродот, во надеж дека наскоро ќе бидат спасени.
Патничкиот ферибот ,,Аурелија” долг 148 метри, кој превезувал 215 патници и 92 членови на екипажот, редовно пловел помеѓу Анкона и Сплит под знамето на Кипар. Тој во средата околу 20.30 испловил од пристаништето во Анкона, а во Сплит требал да пристигне во четвртокот во 7 часот.
Во текот на вчерашниот ден два реморкери беа испратени да го извлечат бродот, но не успеаја поради лошите временски услови. Последните информации се дека реморкерот ,,Полукс” вчера попладне се прицврстил на бродот и започнала акцијата за негово влечење кон пристаништето во Сплит. Акцијата се одвива забавено поради лошите временски услови.
Поради настанатата ситуација, патниците на бродот имаат право да бараат да им бидат вратени 50 отсто од средствата коишто ги платиле за патувањето.