Притворени четворица прилепчани кои со секири и нож претепале семејство

Четворица прилепчани со нож, секира и дрва нападнале семејство и ги повредиле, вчера во Прилеп.

Полицијата ги уапсила Р.А.(19), С.А.(36), С.А.(41) и С.А.(18) и против нив поднела кривична пријава за насилство.

Според полицијата, вчера околу 17 часот, во месноста Три багреми, пријавените кои биле пијани дошле пред куќата на Ф.С.(23) и започнале вербална расправија. Потоа го нападнале со нож, дрва и секири го нападнале Ф.С., неговите татко, мајка и двете сестри и ги повредиле.

Од страна на судија на претходна постапка на пријавените им е одредена притвор од 30 дена.

Треба да знаете
Последни објави