Италијанскиот патнички брод „Аурелија” на линијата Анкона-Сплит, чии мотори вчера откажаа и остана да плута на отворено море, деенска пристигна во сплитското пристаниште.
Пристигнувањето на брод со 215 патници и 92 члена на екипажот се очекуваше помеѓу 13 и 15 часот, но поради поволните временски услови, реморкерот „Полукс” успеа да го довлечка во Сплит и пред планираното време.
Бродот се расипа на патот од Анкона до Сплит ноќта меѓу средата и четвртокот. Реморкерот „Полукс”пристигна до „Аурелија” вчера околу 15.30 часот и почна да го влече кон Сплит.
Тие тргнаа на пат долг 60 наутички километри со брзина од три јазли на час, бидејќи лошите временски услови не им дозволија да пловат побрзо.
На бродот нема повредени, само една Италијанка се онесвестила од нишањето на пловниот објект, поради силниот ветер.