СДСМ:Големата е желбата на ВМРО ДПМНЕ да си прави промоција споменувајќи го името на Анѓушев

Очигледна е големата желба на ВМРО ДПМНЕ да си прави промоција на партијата споменувајќи го името на вицепремиерот Кочо Анѓушев. Ја повикуваме партијата да се посветат на учење на елементарните работи во енергетиката и да објаснат како ги држеа со години предметите во фиока на “неподобните инвеститори” за хидроцентрали и ги уценуваа со години, а во меѓувреме си ги реализира хидроцентралите за нивните членови во рекордни рокови.

Во случајов со денешната прес конференција на ВМРО ДПМНЕ станува збор за концесија дадена во уште 2015 година, а со концесискиот договор државата се обврзува да го додели земјиштето – постапка иста и за сите 80 изградени хидроцентрали во државата. Продолжувањето е констатирано од комисија за надзор која е во рамките на Министерство за животна средина и просторно планирање и Кочо Анѓушев нема никаква врска со неа и практично не ни можел никако да влијае.

ВМРО ДПМНЕ треба да се соочи со фактот дека сега законите важат за сите и нема поделба на инвеститорите, нешто што беше одлика на нивното владеење.

 

Треба да знаете
Последни објави