Словенечката полиција од странски државјани заплени 1,5 милиони евра во готовина

Словенечката полиција денеска во комбе со кое патувале двајца странски државјани, пронајде и заплени 1,5 милиони евра во готовина.

Како што објави мариборскиот весник „Вечер”, повикувајќи се на неофицијални полициски извори, полицијата ги открила парите при рутинска контрола на автопат во реонот на Прекомурје во североисточниот дел на Словенија.

Весникот наведува дека странците, чија националност не е посочена, не можеле да го објаснат потеклото на парите, кои биле спакувани во картонски кутии, поради што полицијата ги конфискувала.

Според прописите на ЕУ, патници кои влегуваат или излегуваат од Унијата мора да пријават доколку со себе носат пари во готовина над 10.000 евра. Во конкретниот случај странците не го сториле тоа.

Треба да знаете
Последни објави