Спасовски ја подржа „метлата” по изборите која беше најавена

Спасовски ја подржа „метлата” по изборите која беше најавена

Премиерот Зоран Заев доби поддршка од министерот Оливер Спасовски за „метлата” или чистката по изборите која беше најавена.

Спасовски вечерва во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21 вечерва одговори дека не стравува, дека ја има довербата и дека е подготвен да се соочи со фактите за неговата работа по најавената чистка или „метла”.

Инаку, метлата стана актуелна откако среде митинг на Стево Пендаровски во Карпош, кој победи на претседателските избори, Дац кој беше во публика му даде метла на Заев откако тој најави дека по изборите чистка ќе има.

– „Не беше ништо испланирано, ни намерно. Во моментот кога премиерот Заев говореше дека е неопходна чистка во партијата, станав и отидов до локалниот маркет и купив метла. Тој прво се збуни, не искоментира ништо и ме праша само:  Ова за мене ли е? Одговорив: Да! Затоа што искрено мислам дека на паријата и е неопходна чистка“, изјави заСАКАМДАКАЖАМ.МК актерот Драган Спасов-Дац.

За метлата досега имаше многу реакции, а Заев истакна дека ќе исчисти и во своите редови и дека одговорност мора да има.

Треба да знаете
Последни објави