Тинејџерот што ја тужеше државата бидејќи не сакаше да се вакцинира, доби овчи сипаници

Опасното „антиваскерско” движење сè повеќе се шири во светот, носејќи со себе бројни жртви – луѓе кои страдаат од болести кои се речиси искоренети благодарение на вакцините.

Меѓу нив е и Џером Кункел, тинејџерот кој ја тужеше државата Кентаки која им забрани на сите невакцинирани ученици да одат на училиште. Неговата „антиваскер“ тужба заврши во сите американски медиуми, исто како последниот пресврт во приказната – Џером Кункел заболи од овчи сипаници само затоа што не се вакцинирал против нив.

Џером  одби да ја прими вакцината и се повика на сопствените „религиозни убедувања”, а неговиот татко за WLWT објасни дека неговиот син не сакаат да биде вакциниран бидејќи веруваат дека вакцината се произведува од „абортирани фетуси”.

Адвокатот на тинејџерот изјави дека Кункел ги преболел овчите сипаници и се вратил на часови, со оглед на тоа дека сега е имун.

Треба да знаете
Последни објави