Кинескиот вицепремиер Лиу Хи денеска во Вашингтон ги продолжи трговските разговори со американскиот трговски претставник Роберт Лајтхајзер и министерот за финансии Стивен Мнучин, само неколку часа откако САД двојно ги зголемија царините за увоз на кинески стоки.
Пред средбата Хи за кинески медиуми изјави дека „надежниот” трговски договор се уште е на дофат.
Американскиот претседател Доналд Трамп ја обвини Кина за отстапување од клучни делови од потенцијалниот трговски договор по неколкумесечни преговори, но Пекинг ги отфрли тие обвинувања.