Уапсена членка на „Пуси рајот“ поради употреба на дрога

Московската полиција ја уапси членката на руската група „Пуси рајот“, Вероника Никулшинa поради обвиненија за користење дрога, изјави руски официјален претставник за „Интерфакс”.

Како што објави АП, московската полиција ја уапси Никулшина по втор пат за еден месец, а таа претходно беше во затвор поради протестирање на членови на групата „Пуси рајот” за време на Светското фудбалско првенство минатата година.

Пјотр Верзилов, еден од членовите на бендот, на „Твитер“ објави дека покрај Никулшина московската полиција уапсила уште шест нејзини пријатели кои немале никаква врска со групата „Пуси рајот”.

Член на Руската јавна комисија за посматрање, Евгениј Јаникиев, изјави за „Интерфакс“ дека ако се покаже дека е виновна за користење на дрога, на Никулшина ѝ се заканува казна затвор од 15 дена.

Треба да знаете
Последни објави