Франција нема да толерира продолжување на рокот за брегзит

Франција нема да толерира повторно продолжување на рокот за брегзит, рече советник на францускиот претседател.

Според „Ројтерс“, тој изрази надеж дека изборите за Европскиот парламент во Велика Британија ќе ги притиснат партиите да постигнат договор за напуштање на Европската Унија.

„Нема да го продолжиме рокот повторно, тоа е сигурно”, рече официјалното лице, додавајќи дека пораката од Франција е јасна: „Решението треба да се постигне до 31 октомври”.

Треба да знаете
Последни објави