Американскиот милијардер Џеф Безос во Вашингтон го претстави својот нов вселенски апарат што ќе биде испратен на Месечината.
Сопственикот на Амазон изјави дека првична цел е слетување на Јужниот Пол на Месечината, каде што научниците потврдија присуство на мраз. Водата може да се користи за производство на водород, т.е. гориво за натамошни истражувања. Целосно наполнет со гориво, „Блу Мун” тежи 15 тони, а кога ќе слета, ќе биде околу 3,3 тони полесен.
Леталото со назив „Блу Мун” (Сина Месечина) ќе може да врши превоз на луѓе и опрема на Месечината не подоцна од 2024 година.