На 10.05.2019 година околу 14,00 часот во Полициската станица-Прилеп, Б.Ц пријавил дека во атар на село Слепче под манастирот „Св.Никола“ пронашол починато машко лице. Телото било во фаза на распаѓање.
Од извршениот увид утврдено е дека се работи за лицето В. Б (56) од село Секирци, кој бил оддалечен од својот дом пред 7-8 дена, но не бил пријавен за исчезнат.