Трамп: Произведувајте во САД, за да ги избегнете кинеските царини

Американскиот претседател Доналд Трамп ги повика денеска компаниите во земјата да произведуваат во САД, а не да увезуваат од Кина, со цел да го избегнат зголемувањето на царините за кинеската стока.

– Кој е најпростиот начин да се избегнат царините? Треба да произведуваме наши стоки во добрата, стара Америка. Толку е лесно!, напиша Трамп на Твитер.

Американските власти вчера ги зголемија царините врз кинескиот увоз за 200 милијарди долари од 10 на 25 проценти.

Можно е мерката да ги погоди американските компании и потрошувачи повеќе отколку кинеските производители. Невладина организација оцени дека вчерашниот раст на царините ќе ги зголеми годишните трошоци на едно четиричлено американско семејство за 767 долари.

Трамп на Твитер наведе дека неговиот однос со кинескиот претседател, Си Џинпинг е многу силен и дека очекува преговорите да продолжат. Кина најави контрамерки откако САД ги зголемени царините од десет на 25 проценти, меѓутоа не објасни како планира да одговори на тоа.

Ако САД ги зголеми царините и на преостанатите кинеските производи, тоа значи дека ќе наметне царини за увоз на речиси сите кинески производи.

САД се незадоволни поради нерамнотежата во трговијата со Кина, а дефицитот во последната деценија се зголеми на 419 милијарди долари.САД ја обвинуваат Кина за нефер трговска пракса, вклучувајќи кражба на интелектуална сопственост, присилен трансфер на технологија и фаворизирање на кинески компании. Тензии има и поради кинеските телекомуникациски компании кои Вашингтон ги смета за закана и го блокира нивниот пристап до американскиот пазар.

Треба да знаете
Последни објави