На „Ред бул арена” во Лајпциг попладнево истоимениот домаќин и Баерн Минхен одиграа нерешено без голови – 0:0, резултат кој ја остави во комбинацијата за шампионскиот трофеј Борусија Дортмунд. Баварците со победа ќе се промовира во старо-нов шампион, но тоа не се случи, бидејќи Борусија Дортмунд на домашен терен ја победи Фортуна Дизелдорф со 3:2.
На едно коло пред крајот Баерн е лидер во Бундеслигата со 75 бода, Борусија Дортмунд е втора со 73, трет е Лајпциг со 66.
Во последното коло на 18 мај Баерн е домаќин на Ајнтрахт Франкфурт, Борусија Дортмунд гостува кај Борусија Менхенгладбах.
Од елитата испаѓаат Нирнберг и Хановер, додека Штутгарт ќе игра бараж за опстанок.