Холандскиот фудбалер, Робин ван Перси заминува во пензија. Веста за завршувањето на неговата кариера е објавена на твитер-профилот на Феенорд.
Триесет и петгодишниот Ван Персии својот последен натпревар во кариерата ќе го одигра во недела во дресот на Фејенорд против Ден Хаг.
Тренерот на клубот од Ротердам, Џовани ван Бронкхорст изјави дека неговиот напаѓач може да ужива на натпреварот во недела, дека тоа е негов момент во кој се става крај на една богата фудбалска кариера.
Робин ван Перси настапил 102 пати за репрезентацијата на Холандија, постигнувајќи 50 голови, податок кој го вбројува меѓу најдобрите холандски стрелци на сите времиња. Во својата кариера настапувал за Арсенал, Манчестер јунајтед, Фенербахче и Феенорд.