Состојбата на четвртиот голем протест на албанската обединета опозиција во Тирана ескалираше со фрлање молотови коктели врз зградата на Владата.
Молотовите коктели главно завршуваа врз влезот на Владата, и нема обиди за пробивање на полицискиот кордон, фрлање димни бомби, петарди, како и црна боја врз владината зграда.
Илјадници приврзаници на опозицијата, како и незадоволни граѓани од сите делови на земјата, се собраа пред Владата во Тирана, каде се обрати лидерот на Демократската партија, Љуљзим Баша.
Истовремено, полицијата преку мегафон повика на воздржаност.
Протестот кој почна во 18,30 часот опозицијата бара да продолжи до полноќ, но според полицијата нема дозвола за тоа.