Државната изборна комисија (ДИК) денеска на седница му го врачи уверението на Стево Пендаровски за претседател на Република Северна Македонија.
Претходно, ДИК ги објави конечните резултати од претседателските избори согласно кои Пендаровски беше избран за шеф на државата.
Утре Стево Пендаровски ќе биде инаугуриран на седница во Собранието на Република Северна Македонија, со што и официјално ќе го почне петгодишниот мандат.
Според податоците на ДИК, од вкупно запишаните 1.808.131 избирач, на гласање излегле 843.508 граѓани или 46,65 отсто. Од нив за Пендаровски гласале 435.656 граѓани, а за Гордана Силјановска Давкова 377.446.
-Според ова, за претседател на Републиката е избран Стево Пендаровски кој доби мнозинство гласови од граѓаните кои гласале, рече претседателот на ДИК Оливер Дерковски.
Фото: Слободан Ѓуриќ