Ифтар на 350 метри под земја

Рударите во рудникот за јаглен во Сома, во турскиот град Маниса, и покрај напорната работа секој ден за време на Рамазан, на околу 350 метри под земја, се откажуваат од храна и пијалоци, со цел да се исполни една од основните исламски должности – постот.

Ниту напорна работа и исклучително високите температури не се пречка рударската смена да се прилагоди на 17 часови работа, од зори до зајдисонце. Процесот на производство трае непрекинато, пишуваат медиумите, повикувајќи се на агенцијата Анадолија.

Работниците направиле дрвени маси во темните коридори каде на крајот на денот заеднички вечераат, осветлени само со светилките на нивните рударски шлемови.

 

Треба да знаете
Последни објави