Мета: Недостигот на политички дијалог ја поткопува интеграцијата

Албанскиот претседател Илир Мета синоќа изјави дека недостигот на дијалог меѓу политичките партии го поткопува процесот на интеграција на земјата.

Тој додаде дека токму недостигот на дијалог ја донел актуелната нефункционална ситуација во правосудството, посочувајќи го при тоа нефункционирањето на Уставниот суд.

Мета наведе дека постојано комуницирал со премиерот или поранешениот министер за надворешни работи околу значењето на контиунираната соработка со опозицијата, како и за потребата да се покаже дека процесот на европска интеграција е заедничка одговорност и да се конкретизира со заеднички активности веднаш по одлуката на Советот минатиот јуни.

– Жал ми е што морам да кажам дека недостигот на внатрешно политички дијалог не само што сериозно ја поткопува оваа можност, туку исто така доведе до ова општо нефункционално правосудство, посебно голем пробем е и продолжува да биде нефункционорањето на Уставен суд. Целиот овој процес во многу други аспекти, за жал, го оневозможи функционирањето на законот во земјата, но во исто време и функционирањето на демократските уставни гаранции за сите, вклучувајќи ги обичните граѓани и нивните интереси и права кои на хартија најдобро ги гарантира Уставот на Албанија, но во пракса гледаме дека тие се оставени без заштита, изјави Мета.

Треба да знаете
Последни објави