Три вооружени лица нападнаа денеска луксузен хотел во пристаништето Гвадар во Пакистан, при што е убиен најмалку еден припадник на обезбедувањето.
Напаѓачите се бореле со припадниците на обезбедувањето од внатрешноста на објектот.
Официјални претставници истакнаа дека мнозинството гости биле евакуирани од хотелот „Перл Континентал”, над кој кружеле хеликоптери. Локалните медиуми објавија дека има информации за жртви, но повеќе детали не се соопштуваат.
Засега никој нема преземено одговорност за нападот, но безбедносните сили ја зајакнаа борбената готовност за време на светиот месец Рамазан.