Осумдесетгодишен Италијанец секој ден вози на училиште слеп шестгодишник од Македонија

Шестгодишно слепо дете од Македонија и 84 годишен Италијанец се хероите на приказаната која деновиве ја трогна италијанската јавност. Старецот секој ден вози по 120 километри за да го одвезе малиот пријател во училиште.
Всушност, тоа што го прави г-дин Романо Карлети, како што пишуваат медиумите е само „мала приказна за обична и вистинска солидарност“. Тој е пензионер е со години, живее во општина Монтемињао. Обичен живот поминат во тој агол на светот на повеќе од илјада метри надморска височина и над 60 километри од најблискиот град.

Романо се буди секој ден во зори, бидејќи решил да му помогне на својот мал пријател кој има шест години и е слеп. Има уште две братчиња малку постари од него.
Тој оди во прво одделение во Пелаго и како сите мали деца кои живеат во Консума, област поделена помеѓу Пелаго и Монтемињао, би требало да стигне до училиштето со школскиот автобус. Меѓутоа, шестгодишникот не може да влезе во минибусот, бидејќи нема придружник за лица со хендикеп, а законите се ригорозни. Таткото на детето работи како дрвосечач и секое утро мора рано да стане и да оди на работа. Тој не може да го придружува синот на училиште.
И тука се појавува Романо, кој откако дознал за тешкотиите на семејството, им се нашол на располагање. Секој ден, пет дена во неделата, тој го стартува автомобилот и пристигнува во куќата на соседот и го зема малечкиот за да го одвезе на училиште за му го овозможи задоволството да биде заедно со другарчињата. И потоа го враќа дома, по 60 километри во секој правец.

Прв приказната на социјалните мрежи ја раскажа Фабио Венери, поранешен советник во Рингано Сал’Арно на кого Романо му го раскажал патешествието со шестгодишникот. Старецот се пожалил дека неколку пати алармирал во општината, но ништо не презеле. Венери на својот профил на Фејсбук го сподели постот во кој напиша за Горан (измислено име), момче кое живее во најоддалеченото село во општина Пелаго и неговиот татко дрвосечач.

Со глас скршен од емоциите, Романо вели: “Секое утро, кога го оставам на училиште, го гледам Горан како им се приближува на другите деца, им ги допира лицата и ги препознава еден по еден. Тоа е прекрасна работа. Сега се извинувам, морам да одам дома зашто треба рано наутро да станам за да го поминам вообичаениот пат до Пелаго“, напиша Венери на Фејсбук.

Романо и Општина Пелагоно ја известија општинската администрација на Монтемињао за да го решат проблемот бидејќи семејството не побарало помош, зошто престојуваат со туристичка виза.

– Социјалните служби се активирани. Ќе преземеме одговорност за случајот, рече советникот на Монтемињао Масимилиано Мугнаини.

 

Треба да знаете
Последни објави