Кили ќе стане дедо – го откри полот на бебето на неговата ќерка Јоана
Македонскиот актер Кирил Поп Христов наскоро ќе се остави и во улогата на дедо. Неговата ќерка Јоана е во осмиот месец од бременоста и го очекува своето прво дете заедно со сопругот со кој неодамна се омажи во Еквадор.
Кили во интервју за „Ексклузив“ откри дека новиот член на семејството ќе биде момче и дека ќе носи две презимиња, односно презимето на мајката мајката и презимето на таткото, како што налагаат обичаите во Еквадор.
Кили се враќа на својата љубов – театарот, а на прашањето на водителката која улога ја очекува, тој се насмевна и одговори дека следна ќе му биде улогата на дедо.