Израелскиот министер за енергетика Јувал Штајниц денеска предупреди на евентуални директни или посредни напади од Иран врз Израел, доколку би ескалирале судирите помеѓу Техеран и Вашингтон.
Тој наведе дека се „загрева” ситуацијата во Персискиот Залив.
– Доколку постои вид на судир помеѓу Иран и САД, помеѓу Иран и неговите соседи, не исклучувам дека ќе се активираат Хезболах и исламиските џихадисти од Газа или дури и ќе се обидат да истрелаат ракети од Иран кон Израел, посочи Штајниц.
САД го зголемија економскиот и воениот притисок врз Иран, а американскиот претседател Доналд Трамп ги повика иранските лидери да се откажат од нуклеарната програма за да не се случи вооружен судир.