Претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, претседателот на Република Албанија, Илир Мета и претседателот на Република Косово, Хашим Тачи пристигнаа на инаугурацијата на петтиот по ред претседател на земјава, Стево Пендаровски.
На свеченоста која што се одржува во Собранието пристигнаа и други бројни високи гости од регионот и од земјава, како и претставници на верските заедници и дипломатскиот кор. На свеченоста присуствуваат и поранешните претседатели Бранко Црвенковски и Ѓорге Иванов, како и сопругата на поранешниот претседател Борис Трајковски, Вилма.