Бројот на жртвите во вчерашниот напад врз луксузниот хотел „Перл Континентал” во пакистанскиот пристаништен град Гвадар изнесува девет лица, меѓу кои има петмина цивили и четворица напаѓачи, кои се убиени во престрелка со полицијата, соопшти регионалниот шеф на полицијата Муних Ахмад Зиа.
Премиерот Имран Кан го нарече нападот „терористички чин”.
Четворица бунтовници вооружени со пушки и гранати го нападнаа хотелот, по што следела повеќечасовна престрелка, во која загинале еден припадник на обезбедувањето и сите напаѓачи. Војската соопшти дека нејзините припадници брзо реагирале на нападот.
Одговорноста ја презеде сепаратистичката група Ослободителна армија Балука, која објави и фотографии од напаѓачите, за кои полицијата тврди дека се убиени.