Пратеничката група на БЕСА му го честита изборот на новиот претседател Стево Пендаровски, а според пратеникот Фадил Зендели, нивни очекувања се тој да го исполни она што го вети за време на изборната кампања и во денешниот говор од собраниската говорница.
-Се заокружи еден просец после демократските избори. Очекуваме од новиот претседател тоа што го вети за време на изборите, но и она што го кажа да го изврши, да биде конзистентен во сите негови настојувања што ги искажа во својата платформа, рече Зендели.
Од името на БЕСА искажа подготвеност за соработка со претседателот, но и со Владата и кажа дека партијата ќедаде свој придонес за сите реформски зафати во контекс на евроинтегративните процеси.
Но, како што додаде тој, како опозициска партија ќе го следат секој негов настап за да видат дали ќе го исполни она што го вети.