Косовскиот министер за надворешни работи и вицепремиер Беџет Пацоли изјави дека Приштина ќе преземе мерки против Белград како одговор на тоа што официјални претставници од српска националност во косовската Влада вчера биле задржани на границата со Србија.
Пацоли на Твитер напиша дека „тоа е обид на Белград да ги заплаши Србите кои работат во косовските институции, но Приштина ќе го заштити секој косовски граѓанин и со силни контрамерки ќе одговори на таквите акции на Србија”.