Денес ќе се одигра последниот круг во англиската Премиер лига и по него ќе дознаеме кој ќе се радува со титулата во една од највозбудливите сезони во последниве години. Манчестер Сити и Ливерпул водеа жестока битка, што долго ќе се памети. Двете екипи покажаа голема упорност и ќе останат близу до 100 поени. Ливерпул дозволија само еден пораз во кампањата (како гостин на Сити), но и покрај фантастично претставување, поголема е веројатноста да завршат како втори и да се разминат со толку посакуваната титула, прва од 1991 година.
Тимот на Јирген Клоп заостанува со 1 поен од „граѓаните” кои гостуваат на Брајтон. Тимот на Пеп Гвардиола издржа неколку многу тешки тестови, и се наоѓа во серија од 13 победи. Последните четири од нив беа постигнати без Едерсон да прими гол во својата мрежа. Брајтон веќе е спасен и ќе игра само за негова чест. „Галебите” го направија токму тоа во претходниот круг, кога извлекоа реми на стадионот на Арсенал и ги сопнаа „топџиите” во нивната борба да завршат во топ 4.
Со две победи од 17 натпревари сепак Брајтон не изгледа како тим, способен да го сопре составот полн со ѕвезди на Манчестер Сити. Ливерпул сепак се надева на чудо, слично на она што „црвените” сами го направија пред неколку дена против Барселона во Лигата на Шампионите. Освен што чекаат добри вести од „Фалмер” стадионот, фудбалерите на Клоп треба да го поразат Вулверхемптон. Задачата не е лесна, бидејќи „волците” се еден од тимовите во најдобра форма на крајот на сезоната и ќе завршат непосредно по големата шестка.
За разлика од интригата околу првото место, таа за топ 4 исчезна минатата недела со Арсенал и Манчестер Јунајтед. Веќе е јасно дека Челзи сигурно ќе игра во Лигата на Шампионите, а дури бод од мечот дома на Тотенхем против Евертон ќе биде доволен за „петлите” да завршат во четворката. Дури да загубат, екипата на Маурисо Почетино има доста подобра гол разлика од Арсенал, кој ја завршува сезоната со посета на Барнли.
И додека трите лондонски тима веќе ги насочиле своите мисли кон финалето на Лигата на шампионите и Лига Европа, Манчестер Јунајтед ќе го пречека испаднатиот Кардиф Сити во обид да ги израдува навивачите на „Олд Трафорд” со убедлив успех. Сезоната се покажа катастрофална за „црвените ѓаволи”, кои се на цели 29 поени зад градскиот ривал.
Освен Кардиф, со елитата ќе се простат Фулам и Хадерсфилд. Иако големата си селекција „котиџерс” претрпеа неуспех и покажаа дека имаат сериозен потенцијал дури во последните недели под раководство на Скот Паркер. Денес тимот ќе биде домаќин на Њукасл, а Хадерсфилд, кој забележа само три успеси за целата сезона, ќе гостува на Саутемптон.вз