Преатеничката од СДСМ, Фросина Ременски на прес конференција по инаугурацијата на претседателот Стево Пендаровски порача дека новиот претседател треба да биде коректив на власта, да укажува на грешките и со тоа да биде пример за достоинствен претседател на земјава и да ја претставува на најдобро светло во светот.
-По цели десет години Северна Македонија доби вистински претседател избран на фер избори. Уверени сме дека Стево Пендаровски ќе ја води државата напред кон интеграциите за ЕУ и НАТО кон сигурна и стабилна иднина. Прво што ќе го направи е ќе ги потпише блокираните закони од Ѓорге Иванов, коишто се од исклучителна важност за граѓаните. Дојдоа демократските промени, режимот е целосно поразен. Заврши едно негативно поглавје од нашата историја. Нема повеќе да има претседател на разединување, молк, поделби на граѓаните, урнисување на демократскиот и правниот систем, изјави Ременски.
Таа не сакаше да го коментира отуството на премиерот Зоран Заев на инаугурацијата, а за непоканувањето на лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски рече дека не е предвидено со протоколот.