Скопјанка си забила нож во стомакот по расправија со сопругот

На 11.05.2019 година околу 17,30 часот во Единицата за известување и команда Скопје од  Ургентен центар Скопје пријавено е дека кај нив била донесена повреден В.М. (25) од Скопје која имала убодна рана од остар предмет во пределот на абдоменот.

Според нејзин исказ по претходна расправија со сопругот во нивниот дом, таа се самоповредила со нож во пределот на абдоменот.Со возило на Итна медицинска помош е пренесена во Ургентен центар, каде и се констатирани тешки телесни повреди и е задржана на понатамошно лекување.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

 

Треба да знаете
Последни објави