Во тешка сообраќајна несреќа која синоќа се случила во населбата Мокри Долови загинал М.А. (32) одТребиње додека ги возел гостите по свадбата. Сообраќајната несреќа се случила 40 минути по полноќ, кога автомобилот во кој бил несреќниот младоженец, од засега непознати причини, излетал од патот и удрил во ѕид.
Тој загинал на кружниот тек кој со новата обиколница е изграден пред само еден месец, па соседите велат дека можеби погрешно свртел. Во несреќата две лица се потешко, а две полесно повредени.
Несреќното момче живеело во Белград, а во родниот крај дошол за да направи свадба.