Искусниот мјанмарски пилот, Мјат Мое Аунг, е прогласен за херој на социјалните мрежи, откако успешно го слета авионот без предни тркала, а притоа не е повреден ниту еден патник.
Авионот превезувал 82 патници и седум членови на екипажот.
Пилотот Мјат Мое Аунг претходно два пати прелетал покрај контролата за летање за да провери дали се излезени предните тркала, објави авиокомпанијата.
Кога било потврдено дека не се, пилотот ја следел процедурата за итни случаи и го потрошил сето гориво за да слета безбедно, додаваат од компанијата.
Мјанмарското министерство за комуникации соопшти дека ќе го истражи дефектот на леталото.
За помалку од една недела ова е втор сличен инцидент на патнички авион на истата компанија што летал на домашна линија.