Загина тракторист во Прилепско

На ден 11.05.2019 година, околу 18.30 час во близина на манастирот “Свети Атанасие“, во атарот на село Локвени, додека Н.З. (31) од селото управувал трактор марка “Фиат“ со кој се движел по ридот во близина на патот од Локвени кон манастирот, во еден момент од засега непознати причини тракторот се превртел, при што Н.З. бил потиснат под возилото.

Во близина на местото се нашле лицата Б.Е. и Н.З коишто го извадиле повредениот и се упатиле кон Градската болница во Прилеп,  но во близина на село Врбјани,  повредениот им подлегнал на повредите.

Смртта е констатирана од доктор од ИМП-Прилеп. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ПСОН Прилеп, и се работи на целосно расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави