Иванов: Функциите доаѓаат и проаѓаат, но човечноста останува

Досегашниот претседател Ѓорге Иванов кој попладнево во вилата „Водно” му ја примопредава функцијата на неговиот наследник Стево Пендаровски, објави статус на својот официјален фејсбук профил.

-Со огромна чест, задоволство и одговорност ја извршував функцијата Претседател на Република Македонија во изминативе десет години. Од се срце му благодариме на македонскиот народ и на македонските граѓани за сета укажана доверба и поддршка. Останете во добро здравје и не заборавајте дека само сплотени, обединети и со меѓусебна почит ќе имаме просперитетна и успешна Македонија, пишува Иванов.

Фотографиран заедно со своето семејство, Иванов порачува и дека функциите доаѓаат и проаѓаат, но човечноста останува.

 

Треба да знаете
Последни објави