Малолетник полово малтретирал дете, вчера во скопската населба Чаир, информираше МВР.
Случајот ноќеска во 2.30 часот во ПС Чаир го пријавил С.К. (33), татко на детето.
Според него, вчера околу 21.30 часот на улицата Брсјачка Буна, неговото дете (13) било полово малтретирано од Ј.С., малолетен. Нападот престанал кога на местото на настанот се појавил братот на нападнатото дете, по што Ј.С. побегнал.
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицето и расчистување на случајот.