Силниот ветар, кој од вчера дува во подрачјето на Загреб, во текот на ноќта корнеше дрва, уриваше реклами, чадори, а не запира ни денес, поради што е прогласен прв степен на готовност.
Улиците на Загреб се полни со искршени гранки. Јавниот превоз доцна или не вози. Понекаде се скршени семафорите, агенциите за интервенција и пожарникарите се на теренот, а полицијата ги предупредува граѓаните да не излегуваат надвор ако не мораат.
До 7 часот наутро беа пријавени 140 интервенции низ Загреб, а повици дојдоа уште од 50 дополнителни адреси, според пожарникарската служба.
Националниот хидрометеоролошки институт издаде предупредување за речиси цела Хрватска поради можноста од силни ветрови и екстремни врнежи.