ВМРО-ДПМНЕ:СДСМ продолжува со лажни и евтини прес конференции

СДСМ продолжува со лажни и евтини прес конференции со кои ги манипулираат граѓаните.

Заев и СДСМ откако се на власт економијата е пред колапс. Граѓаните погрешните политики на оваа власт ги почувствуваа на својот грб. Повеќе од 500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштијата, а Македонија се повеќе тоне во криминал и корупција. Се богати само криминалниот картел околу Зоран Заев. Ветената плата  од 500 евра се уште ја нема, а ги нема и 100.000 денари ветени на докторите.

Секојдневно има низа поскапувања, граѓаните на Република Македонија започнаа да плаќаат поскапо гориво, поскап леб, поскапи намирници и општо поскапа потрошувачка кошница. Власта на СДСМ додека се богати преку сомнителните тендери и непотистичките вработувања, народот гладува. 70% граѓани земаат плата помала од просечната, над 140 илјади млади се сиромашни, 47.6%младите се невработени и над 70% млади сакаат да ја напуштат државата заради бесперспективност. СДСМ со своите прес конференции сами себе се лажат, а реалната колумна во Република Македонија  секој ден станува се полоша.

 

Треба да знаете
Последни објави