Неколку месеци откако полицијата ги спаси од ловокрадци, десетици младенчиња на фоки беа пуштени во дивината, според Би-би-си.
Во февруари на фарма во кинескиот град Далиан беа пронајдени стотина младенчиња на фоки, од кои 39 не можеа да се спасат и умреа од последици од глад.
Ловокрадците ги грабнале малите фоки од нивното природно живеалиште за да ги продадат на аквариуми и на комерцијални компании. Полицијата уапси осуммина осомничени.
Откако полицајците ги пронајдоа младенчињата на 11 февруари, 61 преживеано младенче беа пратени во разни институции низ кинеската провинција Лјаонинг за да им помогнат различни експерти.
Младенчињата беа во многу лоша здравствена состојба, делумно поради тоа што многу млади беа заробени од ловокрадците, а делумно поради тоа што не беа правилно и доволно нахранети или негувани.
По внимателниот третман на експертите, првата група од 24 млади фоки се вратени во дивината на 11 април, а последните 37 конечно беа ослободени на 10 мај.