Јапонските кралски службеници извршија древно предвидување со помош на оклоп од желка со цел да ги изберат местата од кои ќе се зема оризот за жетвениот ритуал, најважниот што новиот цар Нарухито ќе го направи, откако ќе биде крунисан.
Нарухито седна на престолот на 1 мај, ден по абдикацијата на неговиот татко Акихито.
Големата церемонија за благодарност ќе биде прва на која Нарухито како цар ќе се моли за добра жетва за народот.
Официјални лица во традиционална облека, по ритуалите за одгледување ориз, како локации ги избраа Кјото, во западниот дел на Јапонија, и Точиги, на исток.
Тие го запалија оклопот на желката и ги проучуваа настанатите пукнатини за да ја одредат локацијата. Тој шинтоистички ритуал е финансиран од Владата и предизвикува поделби, бидејќи тврдат дека можат да ја нарушат уставната поделба на државата и религијата.