Голем број турски баратели на азил беа избркани од Грција, понекогаш и насилно, во последните три недели, тврдат нивните семејства и адвокатите.
Сведоците тврдат дека разни групи маскирани мажи во воени униформи, како и луѓе во цивилна облека, кои соработуваат со полицијата, користеле сила против оние што се спротивставувале.
Осумдесет и две лица од Турција, вклучувајќи и деца, кои побарале политички азил во соседна Грција биле избркани од земјата во периодот од 23 април досега, пишува „Еуроњуз“. По враќањето во нивната родна земја, околу половина од нив биле притворени или уапсени од страна на турските власти под обвиненија за тероризам.
Тие се обвинети за поврзаност со Курдистанската работничка партија (ПКК) или Движењето Ѓулен, кое Анкара го обвинува за неуспешниот пуч од 2016 година.
Европската комисија ја повика Грција да ги истражи наводите што „Еуроњуз“ ги наведе во својот напис.
„Комисијата очекува дека грчките власти ќе ги проследат конкретните наводи и ќе продолжат внимателно да ја следат ситуацијата“, рече портпаролот на комисијата.