Лионел Меси одново се најде на удар на критичарите откако Барселона доживеа болна елиминација во полуфиналето во Лигата на шампионите, па поради тоа, сега еден негов поранешен соиграч одлучи да застане во одбрана на Аргентинецот кој се претопи во сивилото на „Енфилд Роуд“.
Меси имаше вонсериска партија на „Камп Ноу“ и благодарение на неговата магија Барселона имаше навидум уверливи 3:0 пред реваншот во Англија, но сето тоа пропадна во вода откако избраниците на Валверде комплетно се изгубија на гостувањето кај Ливерпул. Добар дел од критичарите го вперија прстот кон Меси поради тоа што не ја искористи големата шанса во првото полувреме, па во денови на голема агонија која владее во Каталонија, се огласи Дани Алвес.
– Брзо се забораваат нештата во фудбалот. Пред кратко време, на првиот натпревар против Ливерпул, сите велеа дека Меси е од друга планета, вонземјанин. Се уште мислам дека не може да се каже ништо само за Меси, ако не треба да се обвинува некој, тоа е Лео. Со години игра на неверојатно високи ниво и секогаш е тука за тимот. Но, во фудбалот, секогаш се зависи од тимот, никогаш од еден играч. Сите се виновни за успесите и поразите. Секој си има своја задача на теренот и секој треба да ја одработи. Ако постои некој за што не треба да се зборува лошо во Барселона, тоа е Меси, – вели Алвес.