На покана од здружението “Алма Зоис”, организатор на седмиот “Марш на надежта” за борба против рак на дојка, што вчера се одржа во Солун, учествуваше и група организирана од вршителот на работи во нашето ДКП во Солун, Ангелина Михировска, јави дописничката на МИА од Атина.
Освен вработените, во нашата група ,,VERA&VICTORIA” беа вклучени и голем број наши државјанки кои живеат во Грција.