Италијанскиот клуб Палермо, во кој настапуваат нашите репрезентативци Илија Несторовски и Александар Трајковски, е испратен во Серија „Ц”. Одлуката ја донесува обвинителството во Италија. Сицилијанскиот клуб се бореше да влезе во Серија „А” оваа сезона.
Причината за одлуката на обвинителството во Италија се финансиските измами од сопственикот на клубот. Маурицио Џамаприни. Преку нив, Палермо успевал да го финансира своето учество во три последователни првенства, од 2015 до 2017 година.
Во такви околности, екипата ќе биде заменета од Перуџа. Среќа има и тимот на Венеција, кој ќе остане во вториот ешалон на Италија.