Поранешниот сопруг на Меган Маркл се ожени за милијардерката Курланд

Холивудскиот продуцент Тревор Енгелсон (42), поранешниот сопруг на Меган Маркл (37), се ожени со Трејси Курланд (31) во саботата вечерта, според „Пејџ сикс“. Тие се венчаа во Монтесито во Калифорнија, а гостите беа почестени со плескавици, помфрит, „цезар“ салата и школки.

Тревор се ожени една година по големата кралска свадба на принцот Хари и Меган и шест дена по раѓањето на нивниот прв син, Арчи.

Продуцентот и богатата наследничка се свршија само две недели по кралската свадба, а во врска се од ноември 2017 година.

Тревор во почетокот беше многу погоден од разделбата со Меган, но го утеши нутриционистката Трејси Курланд. Кога се разведоа, Маркл му го прати дијамантскиот венчален прстен по пошта.

Иако беа седум години во врска и две години во брак, двојката одлучи да се разведе поради „непомирливи разлики”. Ниту најблиските пријатели не се запознаени со вистинската причина, но сите беа изненадени од нивната ненадејна одлука, бидејќи тие секогаш изгледале како хармонична двојка.

„Тој не беше вистински човек за Меган. По разводот таа се чувствуваше силна и едноставно отиде понатаму“, вели блиска пријателка на војвотката од Сасекс.

Треба да знаете
Последни објави