Гостиварската локална самоуправа доби специјално возило кое ќе се употребува за заловување и транспорт на бездомни кучиња. Возилото е донација од проектот на УНДП во соработка со Центарот за развој на Полошкиот плански регион за долгорочно решевање на проблемот со кучиња бездомници. По формалностите околу регистрацијата, ова возило ќе го користи посебна служба во ЈП „Комуналец”.
Возилото, на симболичен начин на градоначалникот на општина Гостивар Арбен Таравари, му го предаде директорот Центарот за развој на полошкиот плански регион – Фатмир Саити.
Директорот Фатмир Саит информираше дека специјалното возило има капацитет за превезување на 10 кучиња скитници и дека возилото всушност е наменето за Полошкиот регион, но додека не се отврои Регионален центар за справување со кучињата скитници, возилото му се доделува на Гостивар како општина која до сега преводи во справувањето со овој проблем.
Гостиварскиот градоначалник заблагодарувајќи се на донацијата потенцира дека справуавњето со бедомните кучиња ќе биде поефикасно во иднина.
– Во насока на долгорочно решение на проблемот со бездомни кучиња, Општина Гостивар има направено неколку значајни чекори со отварање на стационар и со вакцинирање и стерилизација на 240 кучиња скитници досега. Благодарение на проектот со УНДП наскоро ќе биде отворен стациона со трипати поголем капацитет од постоечкиот и се надеваме дека тоа ќе не доведе во поволна ситуација, истакна Таравари.
Таравари и Саити, одговорија и повеќе прашања во кои најавија дека наскоро ќе почне асфалтирањето на патот до депонијата Русино и дека проблемите во врска со експропријацијата на тој пат се при крај.
Наскоро ќе започне и изградба на пат кој што ќе води од депонијата до магистралата Гостивар-Кичево, преку која камионите со отпад ќе доаѓаат од други општини и нема да поминуваат низ градското подрачје.