Декарбонизацијата како процес демонстрирана пред студентите Машински факултет

Студенти од Машинскиот факултет во Скопје, денеска присуствуваа на првата демонстрација на декарбонизација на дизел-мотор.

Од Машинскиот факултет соопштија дека студентите можеле да се уверат дека има значителна разлика во работата на моторот пред и после процесот на декарбонизација.

– Преку овој метод, се прочистуваат карбон-депозитите кои се таложат од страна на горивото при внатрешно согорување и на тој начин моторот работи посмирено, а цилиндрите на моторот продишуваат. Оваа пракса треба да е редовна, доколку возачите се грижат за својот автомобил или товарно возило затоа што на овој начин се намалува потрошувачката на горивото од една страна, а од друга страна се продолжува векот на работата на моторот, посочика од Машинскиот факултет.

Треба да знаете
Последни објави