Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска и утре, ќе престојува во дводневна работна посета на Берлин.
Во рамки на посетата, во германскиот Бундестаг, Димитров ќе учествува на настанот насловен „Западниот Балкан по решавањето на прашањето за името: постигнувања, предизвици и перспективи“, организиран од парламентарните групи на Зелените и на германската секција на Унијата на Европските Федералисти, во која членуваат пратеници од четири политички партии – ЦДУ/ЦСУ, Социјал-демократи, Зелените и Либералите.
Покрај тоа, министерот Димитров ќе се сретне со пратеници во германскиот парламент на кои ќе им го презентира напредокот на Република Северна Македонија и подготвеноста на земјата за почеток на пристапните преговори во ЕУ.
Програмата на посетата опфаќа и средби со други релевантни соговорници од Министерството за надворешни работи и други владини претставници.