Запален автомобил со бугарски ознаки во Ченто, сопственикот непознат

На 13.05.2019 година во 01,25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Фрушкогорска“ во населба Ченто имало опожарено патничко возило. Полициски службеници излегле на местото на настанот и констатирале дека целосно било опожарено патничко возило „Цитроен“ со бугарски национални ознаки.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита. Сопственикот на возилото не е пронајден.

Треба да знаете
Последни објави