Високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Федерика Могерини изјавила дека денеска во Брисел ќе се сретне со претставници на држави членки на ЕУ, кои го поддржуваат нуклеарниот договор со Иран, за да разговараат за опстанокот на тој пакт, во пресрет на пристигнувањето на државниот секретар на САД, Мајк Помпео во престолнината на Унијата.
„Ние ќе продолжиме во целост да го поддржуваме нуклеарниот договор со Иран“ рекла Могерини, пред почетокот на состанокот со министрите за надворешни работи на Велика Британија, Франција и Германија.
Како што најави Стејт демартментот, Помпео ќе ја откаже посетата на Москва за време на неговиот престој во Русија, но сепак, во одморалиштето Сочи, ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин и со шефот на дипломатијата, Сергеј Лавров.